Свет

„Метро“ - Бугарија воведува автентични млечни продукти

09 окт 2018
„Метро“ - Бугарија ги обновува штандовите за млечни продукти во сите 11 продавници низ државата. Асортиманот на синџирот продавници нуди над 3.000 млечни продукти, од кои околу 200 се нови. 
 
„Метро“ - Бугарија избра две компании за национални доставувачи на сирење и млеко, произведени на традиционален начин - MP Shumen Vakom (трговска марка „Пастор") и „Лезидрен". Меѓу новите партнери на компанијата се и локалните млекарници, кои ќе испорачуваат автентични млечни производи во продавниците на „Метро" во регионот – како што се во Строево, во Пловдив и во Благоевград. 
 
Главниот акцент ни е ставен на тоа да го вратиме автентичниот бугарски вкус, кои се произведени во рамки на целиот синџир на снабдување во земјата и кои се разликуваат од индустриската храна, соопштија од „Метро“ - Бугарија
 
Промените во одделот за млечни производи во овој синџир продавници вклучуваат и нови понуди од италијански, француски и балкански сирења. Тие ќе бидат претставени и поделени според потеклото, со што ќе им се олесни на клиентите полесно да ги најдат на полица и да го направат својот избор.
 
Млечните производи обезбедуваат 8 отсто од приходите на „Метро“ - Бугарија. За минатата година, приходите од продажбата што ги имаше компанијата се околу 830 милиони лева. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...