Корнел Карамизару ќе го замени Јован Радосављевиќ на местото генерален директор на „Кока-кола ХБЦ“ во Романија.
Карамизару доаѓа во компанијата со повеќе од 25 години искуство во FMCG-индустријата.
Со нетрпение очекувам да се приклучам на компанија и на тимот кои се лидери во сè што прават - од производите што ги допираат срцата на потрошувачите, до начинот на кој тие се ангажираат со нив, изјави тој за Карамизару.
Јован Радосављевиќ по 26 години поминати во системот на „Кока-кола“ ќе ја напушти компанијата и ќе го продолжи својот професионален пат во друга деловна област. Радосављевиќ се приклучи на компанијата „Кока-кола ХБЦ“ во 1998 година, а беше генерален директор и во Македонија.
Периодот поминат во „Кока-кола ХБЦ“ во Романија ги сумира некои од најдобрите и најинтересните години во мојата кариера досега. Заедно со фантастичен тим, ги надминавме предизвиците, научивме да се издигнуваме на највисоко ниво, рече Радосављевиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.