Свет

САД: Претставен Kit Kat со нов вкус

17 ное 2023

„Херши“ го проширува својот асортиман во САД со претставувањето на новиот вкус на Kit Kat со вкус на крофна.

Новиот вкус нуди чувство на свежо испечена крофна со мазен слој  на млечно чоколадо на површината.

Новиот вкус на Kit Kat со вкус на крофна е сладок додаток во нашиот асортиман со вкусови, а секој залак донесува ново искуство кое потсетува на свежо испечена крофна од вашата омилена пекара, изјави Алекс Кузиор, помошник бренд-менаџер за Kit Kat.

Новиот Kit Kat е достапен низ целата земја, а на вкусот на крофната и се придружуваат и вкусовите на мента, црно чоколадо, јагода и роденденска торта.

Компанијата „Херши“ е лиценциран производител на Ki tKat, од страна на „Нестле“ за територијата на САД.

 

Извор: FoodBev

Фото: Hershey



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...