Свет

Германија: „Лидл“ го прошири партнерството со „Биоланд“

24 мар 2023

„Лидл“ и „Биоланд“, едно од најголемите здруженија за органска храна во Германија, најавија проширување на партнерството што почна во 2018 година. 

Повеќе од 200 производи на „Биоланд“ во моментов се достапни во околу 3.200 продавници на „Лидл“. Трговецот очекува дека до 2025 година органските и „Биоланд“ артиклите ќе сочинуваат 10 отсто од вкупниот асортиман. Овие производи доаѓаат од Германија и повремено од Јужен Тирол. Со проширување на асортиманот, „Лидл“ ја јакне соработката со локални земјоделци и на тој начин обезбедува кратки транспортни рути, наведуваат од компанијата. 

Се повеќе луѓе ѝ придаваат значење на „свесната“ исхрана. Пристапот до квалитетна и здрава исхрана треба да биде привилегија. Соработката со „Биоланд“ ни овозможува на милиони потрошувачи да им понудиме полесен пристап до висококвалитетни органски производи, изјави Кристоф Граф, менаџер за набавки во „Лидл“ во Германија.  

Извор/Фото: Лидл 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...