Свет

Бренд на „Унилевер“ тестира паметни тегли

16 мар 2023

Hellmann’s, брендот на „Унилевер“, тестира „паметни тегли“ кои ќе ја покажуваат температурата во фрижидерот, во обид да се намали фрлањето храна. 

Дизајнот на теглите се менува кога температурата е под 5 степени целсиусови. Одредени намирници можат да издржат до три дена подолго во фрижидер на температура од 5 степени целзиусови ( во споредба со температура од 7 степени целзиусови).  

Пробната тегла е развиена како резултат на фактичките податоци дека милиони фрижидери се топли, што доведува до побрзо расипување на складираната храна. Знаеме колку е важно храната што ја купувате да ја искористите на најдобар начин. Во Hellmann’s постојано бараме начини како да им помогнеме на потрошувачите што помалку да фрлаат храна и да заштедат пари. Сметаме дека теглата Smart Jar е иновативен начин да ги наведеме луѓето да зборуваат - и да го решат - овој огромен проблем, изјави Рејчел Чамберс, менаџерка за маркетинг за Hellmann's.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...