Свет

„Амазон“ вложува 5 милијарди долари во Нов Зеланд

24 сеп 2021

Одделот за „cloud“ услуги за складирање податоци на „Амазон“ ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд. Ова го соопшти министерот за дигитална економија и комуникации на оваа земја,Дејвид Кларк.

„Амазон“ е втората најголема технолошка компанија во светот и сега, вложува во создавање „облак“ на Нов Зеланд. Ова ќе поттикне раст на националниот дигитален сектор и натамошно закрепнување на економијата на земјата по пандемијата на Ковид-19. Вкупната инвестиција на „Амазон“ ќе биде околу 7,5 милијарди новозеландски долари (околу 5,2 милијарди американски долари), што покажува високо ниво на доверба од меѓународната бизнис-заедница, се вели во соопштението на Кларк, објавено на интернет-страната на Министерството.

Тој, исто така, истакна дека изградбата на нови центри за складирање податоци ќе создаде и нови работни места за тамошното население.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...