Свет

„Перно Рикар“ го презеде „Виски ехчејнџ“

22 сеп 2021

Француската „Перно Рикар“ потпиша договор за преземање на онлајн компанијата „Виски ехчејнџ“, која е специјализирана за продажба на жестоки пијалаци преку интернет.

Овој чекор претставува дел од долгорочната стратегија за ширење на е - трговијата на „Перно Рикард“. Од таму нагласија дека продажбата преку интернет станува нивен клучен канал, за што ќе ја искористат и синергијата со нивните платформи како што се Drinks&Co и Bodeboca. 

Деталите од финансиската трансакција не се обелоденети. 

„Виски еџчејнџ“ е основана во 1999 година, во Велика Британија. По повеќе од 20 години вложувања во брендот, драго ни е што се придружуваме на семејството на „Перно Рикар“ и го подигаме работењето на повисоко ниво, соопштија од онлајн компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...