Свет

„Карфур“ и „Цајо“ станаа партнери

22 сеп 2021

„Карфур“ склучи договор за партнерство со старт-апот „Цајо“, кој припаѓа на компаниите кои креираат ново искуство при доставата на храна. 

„Цајо“ работи од таканаречените „темни продавници“, а купувачите не мораат да размислуваат за испораката на намирниците - ги имаат производите на врата по 15 минути од нарачката. Компанијата работи во 10 градови во Франција и се потпира на 100.000 корисници, што во почетокот на годината им донесе 6 милиони евра приход. Сега, компанијата тестира дали е можна достава за 15 минути и надвор од Париз, или доставата таму би траела до половина час. 

По повод партнерството, „Карфур“ планира да го удвои бројот на складишта за да се осигура брза испорака во Париз (од 10 на 20 складишта), а потоа ќе се фокусира на соседните пазари како што се Белгија, Италија, Шпанија и источна Европа. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...