Македонија

Компаниите можат да се пријават за учество на саем во Хановер

23 јан 2020

Македонски компании ќе имаат можност да се презентираат на најголемиот индустриски саем – HANNOVER MESSE во Хановер, Германија, што ќе се одржи во април годинава.

Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот соопштија дека согласно Планот за активности за 2020 година во делот на промоција на извоз, а на предлог на бизнис заедницата, оваа година во периодот од 20 до 24 април ќе биде организатор во учеството со закуп на национален штанд на саемот HANNOVER MESSE во Хановер на кој ќе се претстават одреден број македонски компании.

Саемската манифестација е организиран како целина од шест саеми на една платформа. На најголемиот индустриски саем во светот, компаните ќе имаат можност да најдат целосен опсег на технички иновации низ целиот синџир на вредности – од автоматизација до решенија за добавувачи, на кој учество земаат голем број од клучните носители на одлуки.

HANNOVER MESSE е идеално место за вмрежување и нов бизнис. Компаниите кои ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со важни технологии, да стекнат бенефит од вредни синергии и да започнат нови проекти-се на едно место, соопштија од Агенцијата.

Дополнителни информации околу начинот на пријавуањето за саемот на адресата: export@investnorthmacedonia.gov.mk.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...