Македонија

„Слоу фуд салон“ на 18 и 19 октомври

07 окт 2019

„Слоу фуд Македонија“ го подготвува првото издание на „Слоу фуд салон 2019“, настан посветен на автентичните вкусови и на висококвалитетната храна и пијалаци.

Салонот ќе се одржи на  18 и 19 октомври во хотелот „Александар палас“, Скопје.  Производителите ќе имаат можност да ги изложат и продаваат своите производи и лично да им ги раскажат приказните на посетителите што ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и да дегустираат од прва рака.

Производителите може да се пријават за салонот, а овде може да ги прочитаат и условите за учество.

Храната е енергија што секојдневно му е потребна на нашето тело. Таа е уживање на трпезата, култура што ги зближува луѓето. Во ерата на глобалната трговија, храната е сведена на ниво на стока за економска размена и е моќно оружје во рацете на големите индустрии. Системот на храната денес станува значајно еколошко прашање за дискусија и акција. Храната е генератор на одржливиот развој на регионите и проверен извор на благосостојбата на производителите. Храната поттикнува промени во свеста кај консументите. Храната е движење!, истакнуваат од „Слоу фуд Македонија“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...