Македонија

Формирана „Балканска винска мрежа“

04 окт 2019

 „Балканска винска мрежа“ беше формирана денеска во Скопје. Вкупно 15 здруженија на вински производители, лозаропроизводители и сомелиери потпишаа Меморандум за соработка во рамки на мрежата. 

Иницијатор на новата регионална мрежа за соработка е здружението „Вина од Македонија“ и заедно со организациите: Центар за винска култура „Wine Q“ од Србија, здружението „Салон Жилавке“ од Босна и Херцеговина и Винската Академија на Црна Гора како партнери на проектот, како и други вински здруженија од земјите на Западен Балкан, го реализираат проектот „Виното како мост за поврзување на земјите од Западен Балкан”. 

Новата мрежа за регионална соработка која ќе работи на поврзување и заедничка промоција на виното од балканските земји, денес ја одржа и својата прва регионална конференција. Беше усвоен акциски план на делување што ќе почне да се реализира од почетокот на следната година. 

Тргнувајќи од начелото дека заедно сме посилни ја формираме оваа мрежа која треба да помогне во одредување на стратешките правци за идниот одржлив развој на винската индустрија, лозарството и винскиот туризам во целиот регион, како и да нуди ефикасни решенија за надминување на законските и регулаторните бариери кои се појавуваат при пласманот на виното, но и за надминување на проблемите околу заминувањето на младите луѓе и намалување на невработеноста во нашите држави, рече Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на асоцијацијата „Вина од Македонија“.

На конференцијата присуствуваа и претставници на професионални здруженија и асоцијации од неколку земји од регионот - Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска и Романија, кои добија официјална покана да се приклучат кон мрежата со кои Балканската винска мрежа ќе соработува во иднина.

Сите кои го потпишавме меморандумот за соработка, веруваме во поставените цели и дефинираните активности и се радуваме на натамошната меѓусебна соработка и соработката со останатите земји од Балканот кои веќе се членки во Европската Унија, изјави Даниела Радеч, директорка на Винската Академија од Црна Гора.

Формирањето и функционирањето на Балканската винска мрежа финансиски се поддржани од „Фондот за Западен Балкан“ (Western Balkan Fund), што е основан од владите на Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, во рамките на напорите за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата на земјите од регионот во Европската Унија.

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



За два дена 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

29 мај 2020

„Лидл“ влегува во Македонија?

29 мај 2020

Барања за финансиска поддршка за мајската плата се поднесуваат до 7 јуни

29 мај 2020

Арсовска: Економските мерки итно да продолжат уште 2 месеци

29 мај 2020

ДЗС: 9.075 слободни работни места во првиот квартал

29 мај 2020

Здружението „АРНО“ ќе ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи 2020“

29 мај 2020
Вчитува уште новости...