Регионално

Александра Оливера Коричи: Активно учество во животот на заедницата

19 дек 2019

Со остварен промет од повеќе од 919 милиони денари, што претставува пораст од 28,16 отсто, dm Северна Македонија е исклучително задоволна со годината зад нас. Во деловната 2018-2019 година компанијата инвестира речиси 49 милиони денари на овој пазар, што е пораст од 69,7 отсто

Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs 

Нашата соговорничка ги завршила студиите од областа на економија и менаџмент во Белград, па продолжила со специјализации во повеќе европски метрополи. Својата кариера ја почнала во областа образование за млади, а потоа се насочила кон стекнување искуство во банкарско работење. Од 2006 година работи во dm, прво како менаџер за асортиман, а потоа како прокурст за набавка и маркетинг, продажба, човечки ресурси и логистика. Од 2008 година Александра Оливера Коричи е директорка на dm во Србија. Со тим ангажирани колеги од Србија, во 2012 година го отвори и пазарот во Македонија.

Компанијата dm прва воведе наплата на пластичните кеси, а неодамна меѓу првите целосно ги повлече од продажба. Какви беа реакциите на потрошувачите?

Уште во 2012 година dm почна да ги наплатува пластичните кеси, така што чекорот за нивно повлекување од продажба беше продолжување на нашето еколошки насочено работење. Ја негуваме практиката на чување на животната средина во заедницата во која работиме, со желба со својот пример позитивно да влијаеме брз луѓето и врз другите компании. Позитивните реакции на потрошувачите ја потврдија оваа практика и ни даваат поттик да продолжиме во таа насока.

Кои ќе бидат Вашите следни чекори на тој план?

Кога се екологијата и здравјето во прашање, значењето на овие активности за компанијата, за јавниот сектор, за  поединци или за мене – не би требало да се разликуваат. Заради заедничко зачувување на животната средина, dm продолжува со едукација за еколошките алтернативи и на тој начин ѝ ги обезбедува на природата потребните сојузници. Затоа што микропластиката во последните 60 години стана една од главните причини за нарушување на екосистемот, ќе настојуваме на купувачите да им понудиме широк спектар на алтернативи во сегментот храна, козметика и хемија за дома. Поставивме низа критериуми за одржливост внатре во циклусите за производство и пакување – биоразградлива амбалажа, природна козметика, средства за чистење според еколошки стандарди и производи за повеќекратна употреба со кои се спречува непотребното дополнително загадување на животната средина.

 Нашите потрошувачи се наше семејство. Тие се исклучително освестени и информирани, а тоа се предности што сакаме да ги задржиме и да ги нагласиме.

За Вас оваа година е значајна и по тоа што одбележувате 15 години работа во Србија. Кога во една реченица би го опишале развојниот пат на компанијата во тој период, што би рекле?

Низ годините, без оглед на менувањето на пазарните услови, фокусот на нашето работење секогаш остана на човекот – почитување на нашите различности и создавање атмосфера на доверба и рамноправност, и така позитивно се развиваме – се надевам, не само како компанија, туку и како луѓе.

За ова време, кои резултати ги остваривте на српскиот малопродажен пазар?

Во деловната 2018/2019 година остваривме промет од 13,3 милијарди динари, со пораст од 21,95 отсто во претходната година, што го потврди нашето успешно работење. На пазарот во Србија се позициониравме како една од најуспешните компании. Но, и покрај остварениот профит, настојуваме да вложуваме во нашиот колектив и во заедницата во која работиме и живееме. Со отворањето 13 нови дрогерии, ја проширивме малопродажната мрежа на 97 објекти во 27 града во Србија и го зголемивме бројот на 975 вработени. Во отворање нови дрогерии и реновирање на останатите беа инвестирани 655 милиони денари. Групацијата dm дрогерие маркт сега работи во 13 земји во Европа, со мрежа од над 3.668 филијали и со 62.061 вработен.

Дали тука може да се вброи и отворањето на компанијата во Северна Македонија?

Отворањето на dm во Македонија секако е еден од најубавите моменти во мојата досегашна кариера. Од оваа временска дистанца, со толку новоотворени дрогерии, драги колеги и задоволни купувачи, можеме да кажеме дека направивме вистинска работа и дека во следниот период ќе се обидуваме што повеќе да го развиеме пазарот во регионот.

Какви резултати забележавте на овој пазар?

Со остварен промет од повеќе од 919 милиони денари, што претставува пораст од 28,16 отсто, dm Северна Македонија е исклучително задоволна со годината зад нас. Во деловната 2018-2019 година компанијата на овој пазар инвестираше речиси 49 милиони денари, што е пораст од 69,7 отсто. Оваа инвестиција се однесуваше на два новоотворени и на два реновирани објекти.

На македонскиот пазар dm e присутна од 2012 година. Уште од почеток негуваме имиџ на дрогериски синџир кој диктира трендови, внесува новитети и нуди широк асортиман производи по кои dm се разликува на овој пазар. Во подоцнежните години добивме епитет на кој сме особено горди, а тоа е дека сме еден од најпосакуваните работодавци во Северна Македонија. Со 16 продажни објекти во 6 града во Северна Македонија, dm спаѓа во лидерите на дрогериската продажба во оваа земја.

Какви се целите на компанијата за наредниот период, и на српскиот и на македонскиот пазар?

- Оваа година ни помина во знакот на одржливост и цврсто верувам дека и во следниот период ќе продолжиме да преземаме слични општествено-одговорни проекти. Во Србија заедно со „Адриа Медиа Груп“ и со институционални партнери го почнавме проектот „Посади дрво“, најголема акција за пошумување во Србија, за која се издвоени повеќе од 50.000 садници. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе мотивира други компании, институции и поединци да го направат истото.

Освен тоа, една од клучните желби е на двата пазари да го задржиме местото на најбрзо растечки синџир дрогерии преку збогатување на асортиманот, отворање нови дрогерии низ динамична експанзија, но и со многубројни бенефити за нашите потрошувачи.

Компанијата dm продолжува да ги развива потенцијалите на своите вработени и да ја негува стекнатата доверба од купувачите.

Каде се гледате себеси, а каде компанијата во следните 15 години?

Нашата компанија е доказ дека е можно да се бележат успешни деловни резултати и истовремено да се биде одговорен кон животната средина, особено во време кога е сè поважно да се истакнува и да се дејствува во согласност со одржливиот развој. Токму затоа верувам дека во следните 15 години ќе бидеме ориентирани во таа насока, со нови иновации и проекти кои ќе носат уште поефикасни резултати. Горди сме што можеме да се пофалиме со сè поголем број општествено одговорни и еколошки освестени колеги и купувачи, кои ни даваат надеж дека заедно можеме да го менуваме светот кон подобро. Компанијата dm, а и себеси како дел од неа, ја гледам во константен развој особено насочен кон следење на трендовите, односно на потребите на луѓето и остварување уште подобри резултати во годините што доаѓаат.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...