Македонија

„Рамстор“ донираше 59 пакети храна во мрежата на „Сите сити“

17 окт 2019
Синџирот маркети „Рамстор“ спроведе хуманитарна акција меѓу своите вработени и потрошувачите под мотото „ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер“ со цел да се собере храна за граѓаните на кои им е најмногу потребна.
 
Хуманитарната акција траеше една недела и се спроведуваше во поголемите маркети на „Рамстор“: „Рамстор Мол“, „Рамстор Сити Мол“ и „Рамстор Капитол Мол“, во кои потрошувачите имаа можност да донираат прехрамбени производи. Производи донираа и вработените во „Рамстор“. 
 
 
Синџирот маркети собраните 59 пакети  храна ги донираше во мрежата „Сите сити“ и тие ќе бидат наменети за деца на улица, жени жртви на семејно насилство, лица со посебни потреби и други ранливи категории граѓани. 
 
Донацијата е по повод 16 октомври, Светски ден на храната, кога луѓето низ целиот свет со слични акции се здружуваат во борба против гладта.  Во Македонија, околу 12.000 тони храна безбедна за користење завршува во отпад секоја година, иако има околу 460.000 граѓани кои не можат да си обезбедат по три оброци во денот.  


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...