Македонија

(ФОТО) InStore ги посети македонските компании на саемот „Ануга“

07 окт 2019

Тимот на магазинот InStore присуствува на саемот на прехранбена индустрија „Ануга“ 2019 кој се  одржува во Келн, Германија, од 5 до 9 октомври.

Овој саем го претставува сето она што е важно за меѓународната трговска публика. Опфаќа изложби, информативни случувања и конгресна програма и ги претставува трендовите и иновациите во прехранбената индустрија.

Од Македонија, на саемот се присутни 24 компании. Од нив, 10 самостојно изложуваат свои производи. Тоа се „Кадино индустри“, „Лион“, „Макпрогрес“, „Макс фудс“, „Мамас фуд“, „Рудине ММ“, „Виа пром“, „Витаминка“, „Вивакс“ и „Вори Јорданка“.

Останатите 14 компании изложуваат на штанд огранизиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа се компаниите „Аграр ко“, „КИМ“, „Бакалски промет“, „Бест фуд“, „Кривогаштани промет“, „Бонум“, „Ксенос“, „Дентина“, „Јаболчело“, „Техноалат комерц“, „Випро“, „Екстра фунги“, „Дип фроузен“ и „Фруктана“.

Од земјите од регионот, од Србија учествуваат 37 компании, Хрватска 19, од Словенија 16 и од Босна и Херцеговина има 11 компании.

Претходниот саем, кој се одржа во 2017 година (саемот „Сиал“ во Париз и „Ануга“ во Келн наизменично се одржуваат), забележа навистини импресивни податоци и зголемен број изложувачи и посетители. Саемот собра 7.405 компании од 107 земји од светот, а изложувачите имаа можност своите производи да ги претстават во 11 хали распослани на површина од 284.000 квадратни метри. На овој саем изложуваа 22 компании од Македонија, 28 од Србија, 16 од Хрватска, 14 од Словенија и 8 од Босна и Херцеговина.