Македонија

Дарко Лукиќ ќе одржи две нови работилници за професионалците во FMCG секторот

25 окт 2019

Тимот на InStore продолжува со организација на  работилници за професионалците во FMCG секторот. 

После продадени три работилници во Србија, предавачот Дарко Лукиќ во ноември во Македонија ќе одржи две работилници  за КА- менаџмент и за бренд-менаџмент. Лукиќ веќе им е добро познат  на нашите менаџери, на кои им ги пренесува своето знаење и искуство од работењето во успешни мултинационални компании.  

Работилницата за КА-менаџмент ќе се одржи на 7 и 8 ноември (четврток и петок) во „Јавна соба“. Наменета е за професионалци за продажба, КА-менаџери и менаџери за продажба. Целите на работилницата се: запознавање со предностите од имплементацијата на КА-менаџмент, совладување вештини на категоризација и сегментација на купувачите, совладување стратешки КА- менаџмент, користење Planning ToolBox за клучни купувачи, преговарање со клучни купувачи и “Handling objections” во преговорите со менаџерите. Ќе дознаете и за трендовите во развојот на интернационалните КА, различни КА формати и on line продажба , кои ќе го обележат периодот 2019-2022, ќе научите како подобро да управувате со вашата идна продажба. Повеќе информации за обуката можете да прочитате тука. 

Работилницата за бренд-менаџмент ќе се одржи на 14 и 15 ноември (четврток и петок), исто така во „Јавна соба“. Наменета е за бренд-менаџери, сениор бренд-менаџери и маркетинг-менаџери. Учесниците ќе дознаат како да ги користат резултатите од истражувањата на пазарот за носење ефикасни и ефективни одлуки; зошто продажната бренд аналитика е најважна основа за ефикасно управување со брендот; вештини за ефикасен бренд-менаџмент; пристапи, управување и развој на противни кампањи на поинаков начин; ефикасно управување и оптимизација на медиумите; како да го привлечете и задржите вниманието на потрошувачите, а потоа истото да го конвертирате во купување на вашиот производ; техники од продажен менаџмент неопходни за подобро управување со вашите брендови и други вештини неопходни за оние кои сакаат да се успешни во работењето. Повеќе информации за обуката прочитајте тука. 

Како поминаа нашите менаџери на последната работилница за бренд менаџмент со Лукиќ, можете да видите тука. 

Предавачот Дарко Лукиќ е магистер по економски науки и консултант. Има 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG („ING Bank“, „Nestle Adriatic“, „Henkel CEE HQ Austria“, „Henkel Srbija“). Од 2007 до 2015 година бил на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата „Henkel Srbija“. Портфолио: Persil, Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat. Потоа работел на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „Firma: FCB Afirma“ од Белград. Клиенти: „Beiersdorf“, „Mondellez“, „Telenor“, „Whirlpool“, „Lesaffre“, „Ikea“. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.

Лукиќ моментално работи како маркетинг-консултант за водечки српски компании и невладини органи-зации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг-консалтинг, што ја има основано тој. Меѓу клиентите се  UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal) и други. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...