Свет

„Казино“ ги продава маркетите

18 окт 2019

Францускиот „Казино“ ја заврши продажбата на 31 хипермаркети и супермаркети од својот синџир. 

Објектите ги купи американска компанија која се поврзува со концернот за приватен капитал „Аполо Глобал Менаџмент“. Вкупната вредност на објектите е 465 милиони евра, од кои 327 милиони евра веќе беа уплатени на сметката на „Казино“. 

Францускиот трговски гигант го продава имотот за што побрзо да се ослободи од долговите на синџирот „Казино“. Целта е до крајот на првиот квартал од следната година да собере 2,5 милиони евра од продажба на имот.  

Договорот за продажба меѓу „Казино“ и „Аполо Глобал Менаџмент“ беше потпишан во април оваа година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...