Свет

„Лидл“ ќе инвестира 15 милијарди фунти во Велика Британија

17 окт 2019

Германскиот трговец „Лидл“ планира да инвестира 15 милијарди фунти (19 милијарди американски долари) во следните пет години, како дел од проширувањето на бизнисот во Велика Британија.

Од компанијата соопштија дека планираат да воведат долгорочни договори за да „обезбедат дополнителна стабилност“ на локалните добавувачи и да им дадат „поддршка и капацитет што им е потребна за да инвестираат и да го развиваат нивниот бизнис“.

Бидејќи нашата деловна активност продолжува да расте, клучно е нашите добавувачи да останат во срцето на нашите планови за раст и затоа ние сме посветени да инвестираме најмалку 15 милијарди фунти во текот на следните пет години, рече Рајан Мекдонел, главен комерцијален директор на „Лидл ГБ“.

„Лидл“, кој работи во Велика Британија веќе 25 години, сега има 6 отсто удел на пазарот. До крајот на годинава синџирот планира да отвори уште 60 нови продажни места ширум земјата. 

Во јуни, компанијата објави дека планира да потроши околу 500 милиони фунти за отворање нови продавници низ Лондон во следните пет години.

„Лидл“, кој е во сопственост на германската малопродажна група „Шварц“, вработува повеќе од 23.000 вработени во своите 770 продавници и 13 центри за дистрибуција во Велика Британија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...