Свет

Најголемиот прехранбен саем „Ануга“ слави 100 години

09 окт 2019

Најголемиот прехранбен саем „Ануга“ слави 100 години

Саемот првпат беше организиран во Штудгарт во 1919 година, со учество на околу 200 германски фирми. Засновани на концептот на годишни изложбени турнеи, следните саеми беа организирани во Минхен во 1920 година, во Берлин во 1922 година и во Келн во 1924 година. Кога првпат се организираше саемот во Келн, со околу 360 изложувачи и 40.000 посетители, беше најдобар настан од основањето на „Ануга“ - поради што организаторите го избраа Келн како постојана локација за одржување на саемот. 

Кога во 1951 година првпат учествуваа повеќе од 1.200 изложувачи од 34 земји, саемот „Ануга“ се етаблираше како централна меѓународна деловна платформа за прехранбената индустрија во Келн која се одржува секоја втора година. Денеска, со 7.405 изложувачи и со околу 165.000 посетители од сите делови на светот, „Ануга“ израсна во водечки светски саем за храна и пијалаци. 

Според проценките на организаторите, годинава „Ануга“ ќе има рекордна посетеност. На овогодинешниот саем изложуваа и компании од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Магазинот InStore е единствен од регионот кој на саемот има свои претставници од овие земји. Повеќе можете да видите тука.